МИОА со реакција за наводните бланко спогодби за степен на кариера

Скопје, 22 февруари 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација се приклучува на реакцијата на Синдикатот на УПОЗ, во однос на спогодбите за степен на кариера.

 

Како што информираат од Синдикатот на УПОЗ, станува збор за наводна бланко спогодба, којшто во некои институции се дели на вработените, без дополнителни информации за степенот на кариера што им следува.

 

МИОА го поддржува апелот на Синдикатот на УПОЗ до вработените, да не ги потпишуваат наводните бланко спогодби, се додека не ги добијат сите потребни информации.

 

МИОА ќе го испита случајот и соодветно ќе реагира до надлежните институции.

 

Со информацијата којашто беше усвоена на 53тата седница, се задолжуваат институциите во вонсудска постапка да се спогодат за незаконски неисплатените средства за додаток на кариера од претходната влада. Ова има за цел да укаже дека нема потреба од дополнителни судски трошоци на грбот на товар на државата и на штета на граѓаните.

 

На тој начин вработените ќе го добијат финансискиот додаток, што противзаконски им бил оневозможен и ќе се спречи понатамошното оштетување на Буџетот на РМ.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација