ПОКАНА

Скопје, 27 март 2018 година

Во рамките на четвртиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020, Министерството за информатичко општество и администрација организира тематски состанок 4: „Демократски медиумски амбиент и медиумски слободи“.

Состанокот ќе се одржи во ЕУ Инфо центар, 2 април 2018 година(понеделник), со почеток во 9.45 часот.

 

Подетално, состанокот ќе биде посветен на идентификување на заложби и мерки во однос на демократизација на медиумскиот простор, унапредување на независноста и професионалноста на медиумите, слободата на изразувањето и говорот, правата и безбедноста на новинарите.

 

Заинтересираните учесници треба да бидат претставници на организации/чинители кои активно работат во оваа област.

За учество на состанокот потребно е да го потврдите своето присуство на info@rcgo.mk најдоцна до 30-ти март 2018 г.

 

Агендата може да ја погледнете на следниов линк: Дневен ред 02.04.2018

 

Тематскиот состанок е во организација на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) со поддршка на проектот „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ финансиран од Европската Унијa, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација