Покана за јавна расправа за воведување на 5G

Скопје, 7 мај 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за мерките и активностите потребни за воведување на 5G мобилната технологија во Република Македонија.

Јавната расправа ќе се одржи на 10ти мај (четврток), со почеток во 12.00 часот, во Клубот на пратеници.

Дискусијата со воведни обраќања ќе ја отворат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

МИОА ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на јавната расправа и да дадат свој придонес.

Министерство за информатичко општество и администрација