Министерот Манчевски дел од презентацијата на стартапи

Скопје, 11 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска во 11:00 часот во просториите на Сеавус Инкубатор, ќе присуствува на вториот јавен „Инвестициски ден“. На настанот ќе се презентираат бизнис идеи од страна на стартап тимови кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на инкубаторот.

НАЈАВА

Скопје, 31 октомври 2017 година

Почитувани,

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска ќе одржи прес конференција.

Прес конференцијата ќе се одржи со почеток од 14.15 часот во медиа центарот во Владата на РМ.

Најава

Скопје, 29 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе ги претстават Е-модули за родова еднаквост. Презентацијата е во соработка со телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Wоmen)

Настанот ќе се одржи на 29-ти септември во просториите на министерството за информатичко општество и администрација со почеток од 11: 00 часот.
Најава

Скопје, 26 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска ќе одржи прес конференција.

 Прес конференцијата ќе се одржи со почеток во 12:30 часот, во Медиа центарот во зградата на Влада на Република Македонија.

НАЈАВА

Охрид, 24 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како претседател на Почесниот одбор на МАКО СИГРЕ, ќе го отвори 10-тото Советување. Отворањето на Советувањето ќе се одржи на 24-ти септември 2017 (недела) во 12:00 часот, во хотел Метропол, во Охрид.

Најава за панел дискусија

Скопје, 22 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе го презентира Националниот оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија. Панел дискусијата ќе се одржи на 22-ри септември 2017 (петок) со почеток од 11:00 часот во Клуб на пратеници.

Панел дискусија за предизвиците на јавната администрација при промена на власта

Скопје , 12 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, Британската амбасада во Р. Македонија и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, организираат панел дискусија.

Најава: Прва средба меѓу министерот Дамјан Манчевски и претставници на Синдикатот на УПОЗ

Скопје , 7 јуни 2017 година година

На 8 јуни 2017 година (четврток) со почеток во 13 часот, во хотел Метропол Охрид, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ќе оствари средба со претставниците на Синдикатот на УПОЗ.

Пред почетокот на средбата, министерот Дамјан Манчевски и претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски ќе дадат изјави за медиумите.

Најава: Арсовска Томовска на Саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“

Скопје , 18 април 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 19.април 2017 година (среда), ќе се обрати на отворањето на Саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“, во организација на Студентските парламенти на ФИНКИ и на ФЕИТ.

Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на ФИНКИ, со почеток во 12 часот.

Најава: Арсовска Томовска панелист на „Глобалниот самит на жени лидери 2017“

Скопје , 17 февруари 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 18 февруари 2017 година (сабота), ќе се обрати како панелист на вториот ден од „Глобалниот самит на жени лидери 2017“, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а во соработка со Асоцијацијата на бизнис жени во Република Македонија

Настанот ќе се одржи во хотелот „Мериот“, Скопје, со почеток во 11 часот.

НАЈАВА: Прес-конференција на Заменик министерот Муцунски

Скопје , 16 февруари 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 17 февруари 2017 година (петок), ќе одржи прес конференција.

Настанот ќе се одржи просториите на МИОА со почеток во 11.00 часот.

НАЈАВА: Прес-конференција на Заменик Министерот Тимчо Муцунски

Скопје , 06 декември 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска, 6 декември (вторник), ќе одржи прес конференција.

Настанот ќе се одржи просториите на МИОА со почеток во 13.45 часот.

Арсовска Томовска ќе се обрати на регионалната конференција „ИКТ во агробизнисот“

Скопје , 22 ноември 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 23 ноември 2016 година, ќе се обрати на отворањето на регионалната конференција „ИКТ во агробизнисот“, во организација на МАСИТ (Стопанска Комора за информатички и комуникациски технологии).

Настанот ќе се одржи во хотел Александар Палас, со почеток во 9.30 часот.

Најава: Отворање на нов бесплатен интернет клуб во Велес

Велес, 24 јули 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, утре, 25 јули (понеделник) ќе го отворат новиот бесплатен интернет клуб, во рамки на проектот „Светот на дланка“.

Настанот ќе се одржи на ул. „8-ми Септември“ бр. 86 (Зграда на синдикатот) во Велес, со почеток во 10.00 часот.

НАЈАВА: Арсовска Томовска на работен состанок во Велес за новиот ЗОУП

Велес, 30 јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 01 јули (петок), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Велес , за новиот Закон за општата управна постапка.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Велес , со почеток во 11.00 часот.

НАЈАВА: Јавна консултација со граѓанскиот сектор за новата Стратегија за РЈА

Скопје, 29. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 30 јуни (четврток), ќе се обрати на јавната консултација со граѓанскиот сектор: „Приоритети за новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2016–2021”, во организација на проектот ИПА 2 механизмот за граѓански организации.

Настанот ќе се одржи во хотелот „Квинс“ (Т.Ц.Зебра), со почеток во 11 часот.

Syndicate content