Отворени податоци

Преку порталот за отворени податоци сакаме да ја подобриме испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Порталот, исто така овозможува да се зголеми учеството на граѓаните при креирањето на политики и при анализа на испорачаните резултати. Со еден збор, преку порталот за отворени податоци ја носиме транспарентноста и отвореноста на институциите на едно повисоко ниво. Отворањето на податоците директно и позитивно ќе помогне и во напорите за борба против корупцијата. Исто така, со малку иновативност, отворените податоци даваат можност за отворање и на нови бизниси. Линк до порталот: https://data.gov.mk/

 

Отворените податоци и истражувачкото новинарство се во постојана корелација. Отворените податоци се основа за квалитетни стории, а новинарите се основниот механизам за притисок врз институциите за да ги отворат податоците.