Сподели:

Во Битола се одржа петтата јавна трибина за дигитализацијата

Битола, 17 февруари 2020 година

Петтата по ред јавна трибина посветена на дигитализацијата денеска се одржа во Битола. На трибината говореа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Свој осврт даде и проректорот за настава на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола проф. д-р Игор Неделковски.

На трибината се зборуваше за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација. Посебен акцент беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи.

Во декември, 2019-та започна со работа ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги, достапен на uslugi.gov.mk . Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерство за информатичко општество и администрација