Сподели:

Работен состанок меѓу заменик министерот Александар Бајдевски и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо

Скопје, 19 февруари 2020

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски одржа работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.

На состанокот се разговараше за можностите за меѓусебна соработка и за претстојниот Самит на Кина и земјите од Централна Европа, кој ќе се одржи во Пекинг на 15ти и 16ти април 2020 година.

Заменик министерот Бајдевски се заблагодари на поканата и го потврди учеството на МИОА на тематската сесија на Самитот, посветена на соработката во областа науката, технологијата и иновациите.

Двајцата соговорници на состанокот подетално разговараа за Агендата на претстојниот Самит во Пекинг и темите што ќе бидат опфатени како што се: Стратегии и политики за иновативна соработка и развој на науката и технологијата, управување со технолошки паркови и инкубатори, иновативни технологии, вештачка интелигенција итн.

Воедно, заменик министерот Александар Бајдевски и амбасадорот на Кина Џанг Ѕуо се согласија дека ваквите настани придонесуваат во насока на зацврстување на економската соработка и унапредување на иновативните решенија меѓу Кина и европските земји.

Министерство за информатичко општество и администрација