Електронски Систем за Регистри

Електронскиот Систем за Регистри, еСИР, претставува решение кое ќе се користи за целосно управување со повеќе дигитализирани регистри. Пристап до решението ќе имаат авторизирани корисници од институциите. Покрај регистрите од институциите, во рамки на ова решение ќе се развијат и Регистарот на регистри и Регистарот на авторизации.

еСИР е модуларно и скалабилно веб-базирано решение, кое се развива со користење на следните технологии:

  • Frontend
    • Angular, Form.io, HTML5, JavaScript, CSS, Bootstrap
  • Backend
    • .NET 5
  • Operating systems (OS)
    • Centos 7
  • SQL Database
    • MS SQL Server 2019 Standard edition
  • NoSQL Database
    • MongoDB 4.4.x
  • Reporting and analytics
    • SSRS (SQL Server Reporting Services). 
    • Microsoft Power BI Desktop