Зајакнување на е-влада (EuropeAid/140244/DH/SER/MK)
Дигитализацијата на услугите и регистрите е стратешка цел на владата на Република Северна Македонија. Во таа насока е и проектот во тек „Зајакнување на е-влада“ (Enhancing e-government, EuropeAid/140244/DH/SER/MK), финансиран од програмата ИПА 2017, а чија имплементација започна во третиот квартал 2020 година.
Целта на проектот е да се зголеми бројот на достапни електронски услуги на Националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk), како за граѓаните, така и за правните лица. Во рамки на проектот се планира дигитализација на услуги и дигитализација на регистрите потребни за услугите. Главни придобивки ќе бидат кратењето на времето за испорака на услугите и зголемување на квалитетот на електронските услуги.
Главни корисници и партнери во имплементација на проектот се Министерството за информатичко општество и администрација и Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции. Крајни корисници се институциите чии услуги и регистри ќе се дигитализираат:
- Министерство за внатрешни работи;
- Министерство за економија;
- Министерство за правда;
- Министерство за животна средина и просторно планирање;
- Министерство за здравство;
- Министерство за труд и социјална политика;
- Министерство за транспорт и врски;
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- Агенција за катастар на недвижности;
- Агенција за вработување;
- Агенција за енергетика;
- Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги;
- Агенција за храна и ветеринарство;
- Институт за акредитација;
- Управа за водење на матични книги;
- Фонд за пензиско и инвалидско осигурување;
- Фармацевтска комора.
Дигитализираните услуги ќе бидат достапни на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk, додека за дигитализација на регистрите во рамки на проектот се работи на развој на ново решение, еСИР.