Стефан Андоновски
Министер на Министерство за дигитална трансформација
Стефан Андоновски е докторанд на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје и магистер по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД.
Пред политичкиот ангажман, пет години работи во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми. На локалните избори во 2021 година е избран за член на Советот на Град Скопје.
Од јануари до јуни 2024 година ја врши функцијата дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација во Владата за органзација на парламентарните избори 2024 година.
На 23 јуни 2024 е избран за министер во Министерството за дигитална трансформација.
Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи. Зборува македонски, англиски и италијански јазик, а се служи и со грчки и германски јазик.

Горан Минчев
Министер на Министерство за јавна администрација
Горан Минчев е истакнат македонски политичар и економист, роден на 22 март 1972.
Минчев е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Минчев ја започнува својата кариера во 1992 година како раководител на комерцијален сектор во АД Пивара Скопје, каде што работи до 2002 година. Неговата стручност во комерцијалното управување му овозможи да премине во јавниот сектор, каде што од 2002 до 2003 година работи како заменик директор во ЈП Водовод и канализација во Скопје.
Од 2003 до 2006 година, Минчев е директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, каде што ја координира работата на различни владини сектори. Во периодот од 2006 до 2008 година, пак, тој е генерален секретар на СДСМ.
Во 2008 година, Минчев е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што останува до 2014 година. Од 2016 година, пак, Минчев е директор на приватна компанија.
Горан Минчев течно говори англиски јазик.