МИНИСТЕР

Азир Алиу е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованието со повеќе од 20 години работно искуство реализирајќи над 100 различни проекти во области како дигитална трансформација, развој на стартап екосистеми, вештачка интелигенција и машинско учење.
Беше ангажиран како универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на факултетот за Компјутерски науки и технологија, под чија капа бил иницијатор и прв директор на Технолошкиот Парк.
Во минатото ја извршувал и функцијата потпретседател на Управниот Одбор на Универзитетот.
Покрај академското искуство, Азир Алиу има и долгогодишна кариера во приватниот сектор како претприемач, ментор и консултант, а бил и советник на Претседателот на Владата за иновации, ИКТ и Високо образование.
Азир Алиу е единствен претставник од Северна Македонија во Програмата “Digital Citizenship Education” во Советот на Европа.
Формалното образование го завршил на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде се стекнал со титулата Доктор по информатички науки. Автор е на повеќе научно-истражувачки трудови и повеќе публикации од областа на Машинското учење.
Роден е во 1976 година во Гостивар, среќно оженет и татко на три деца.