МИНИСТЕР

М-р Адмирим Алити, е именуван за министер на Министерство за Информатичко Општество и Администрација, на 15 јануари 2022 година.
М-р Адмирим Алити, е роден на 23 јануари 1984 година во Куманово, каде го завршил основното и средното образование.
Во академската 2001/2002 година се запишува на Факултетот за Современи науки и технологии во Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово, каде и дипломирал во 2006 година.
За време на студиите во 2005 година бил студент на Зимскиот Универзитет „High-Tech in Winter and Snow“ на Техничкиот универзитет во Минхен (ТУМ), Германија, а пред една година бил учесник на European Youth Peace Summit, каде што е сертифициран за “Youth peace worker”, Сараево, Босна и Херцеговина.
Постдипломските студии ги завршил во 2011 година на Катедрата за Информатика на Универзитетот Лајн, Шведска, каде што се стекнува со академскиот назив - магистер во Информациски системи.
Од 2021 година е докторант во Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово на програмата Е-технологии.
Како докажан професионалец во својата дејност, М-р Адмирим Алити, својата професионална кариера и образование низ годините ги градеше на бројни позиции и искуства во јавниот и приватниот сектор во областа на информатичките технологии и електронските комуникации.
Своите менаџерски вештини ги докажа за време на успешното раководење како генерален директор на Јавното претпријатие ,,Национална радиодифузија на Северна Македонија”, во периодот декември 2018 - октомври 2020 година, каде што имаше зголемување на ефикасноста во работењето. За време на овој период М-р Адмирим Алити ја претставуваше компанијата со внатрешни и надворешни странки кои се занимаваа со Радиодифузија.
За време на петгодишниот период (декември 2011 - септември 2016 година) бил основач и директор на Компанијата за развој на софтвер, ANT Solution - Скопје.
М-р Адмирим Алити, од октомври 2016-та година е асистент – предавач по разни предмети во Катедрата за Информатика на Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје.
Своето искуство како предавач на група предмети по информатика го започна од 2011 година како асистент во Катедрата за информатика – дисперзија во Куманово, на Универзитетот во Тетово.
Како експерт во својата област, М-р Адмирим Алити е ангажиран во многу организации и локални и меѓународни институции, како што се:
• Март 2013 - Јуни 2014 - Инженер во ЕВН – Скопје, Македонија.
• Јули 2007 - јули 2010 година - Супервизор на База на Податоци - KBR Inc., Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
• Јуни 2002 - јуни 2006 година - Главен координатор за Македонија и Косово - - Joint Network of International Volunteers, Tokyo Based NGO.
Течно зборува англиски, македонски и основен германски јазик.