ЕДИНСТВЕН НАЦИОНАЛЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ПРОПИСИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР претставува електронски систем кој покрај постојните прописи во Република Северна Македонија ги содржи и Известувања за почетокот за подготовка на предлог закон, предлог Извештаите за ПВР, предлог законите на министерствата во фаза на подготовка, пречистени текстови на закони, Годишни планови за спроведување на ПВР по министерства, релевантни документи прозлезени од анализите спроведени од страна на министерствата како и коментарите, ставовите и мислењата од засегнатите стани по конкретни предлог законски решенија.
ЕНЕР претставува алатка првенствено наменета за електронско информирање на граѓаните на РСМ, како и на претставниците од невладините организации, стопански комори, правни лица, претставниците на владата, како и на одделните министерства.
Преку процесот на Проценка на влијанието на регулативата (Regulatory Impact Assessment - RIA) кој подразбира и спроведување на соодветни и временски координирани консултации со јавноста, во ЕНЕР преку доставување предлози, мислења и забелешки можат навремено да се вклучат засегнатите страни во креирањето на регулативите. На тој начин се постигнува поголема предвидливост на истите и секако транспарентност на целокупниот процес.
Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР е електронски систем кој содржи постојни прописи, предлог-закони на министерствата во фаза на подготовка, и извештај од спроведената проценка на влијанието на регулативата - ПВР.