Промоција на проектот “Помош за реформа на јавната администрација и зајакнување на капацитетите на МИОА“

Скопје, 6 септември 2017 година

Проектот „Понатамошно зајакнување на организационите и на институционалните капацитети за процесот на ЕУ интеграции ГоуДигитал – Помош за реформа на јавната администрација и зајакнување на капацитетите на Министерството за информатичко општество и администрација“, ќе се промовира на 6ти септември, во 13 часот на ЕУ Инфо центарот.

На конференцијата поздравни обраќања ќе имаат Самуел Жбогар, амбасадор, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација и Џузепе Москети, Архидата срл, директор на проектот.

Реформата на јавната администрација е основен дел од процесот на ЕУ интеграции и јавната администрација е еден од трите темели утврдени во стратегијата за проширување на ЕУ. Со неа јавниот сектор на земјите кандидатки треба да се подготви за ефективно и ефикасно спроведување на европските регулативи и за предизвиците на членството во ЕУ.

Со проектот ќе се олесни процесот на финализација на новата реформска стратегија за јавната администрација и нејзино операционализирање, подобрување на политиките и насоките за човечките ресурси, надградба на националниот портал за услуги и развивање на законско решение и поддршка на воспоставувањето на национален регистар на население.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони