Проект за унапредување на дигиталната писменост во Република Македонија - Национален MOS (Microsoft Office Specialist)

Скопје, 21 декември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на настанот со кој се најави започнувањето на проектот за унапредување на дигиталната писменост во Република Македонија - Национален MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар.

„Наша цел како влада, а во овој контекст ја имаме и поддршката од индустријата и бизнисот, е кај младите да ја промовираме ИКТ индустријата и ИКТ знаењето, како еден од главните начини со кои ќе можат да си обезбедат подостоинствен живот во Македонија“, рече министерот Манчевски. Тој посочи дека од една страна постои недостиг од ИТ кадар во целата индустрија, а од друга, голема побарувачка.

Проект за унапредување на дигиталната писменост во Република Македонија - Национален MOS (Microsoft Office Specialist)

Потенцирајќи ја разликата меѓу формалното образование и имањето дигитална писменост, министерот Манчевски ја нагласи важноста од доделувањето на сертификати од страна на ИТ компаниите како што е Микрософт, со цел доквалификација и преквалификација на кадрите.

На тој начин, како што рече министерот Манчевски, голем дел од кадрите кои немаат дигитална писменост, брзо ќе бидат трансформирани во ИКТ кадри, со што ќе бидат достапни на пазарот на трудот.

Натпреварот започнува утре, а ќе трае до 30 мај кога ќе се оддржи големото финале. Организатори се Certiadria, со поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација, Град Скопје, Општина Центар, Општина Карпош и голем број компании и институции.

Инаку, на настанот своите искуства ги споделија победниците од претходните натпревари кои учествуваа на меѓународниот Microsoft натпревар во САД – Марко Марковиќ и Драгана Јакимова.

Проект за унапредување на дигиталната писменост во Република Македонија - Национален MOS (Microsoft Office Specialist)

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони