Обуки за примена на Законот за општа управна постапка при вршење на инспекциски надзор

Скопје, 22 декември 2017 година


Заврши првата фаза на обуки наменети за инспекторите од централната власт за примена на Законот за општа управна постапка (ЗОУП). Во изминатите десет дена во Скопје, се одржаа обуки на кои присуствуваа 450 инспектори.

Во рамки на обуките беа разработени теми како што се: основни начела, предмет и примена на ЗОУП, водење на инспекциски постапки согласно Законот, управни дејствија и правна заштита и извршување на инспекциските акти. Обуките беа спроведени од страна на професорите од Правниот факултет Борче Давитковски и Ана Павловска Данева, консултантот Југослав Ѓорѓиевски и адвокатот Жарко Хаџи-Зафиров, со што ги опфатија теоретски но уште поважно и практичните аспекти од примената на ЗОУП, а се во насока на појасна и униформирана примена на законот при инспекциските постапки.

Обуки за примена на Законот за општа управна постапка при вршење на инспекциски надзор

Во текот на јануари и февруари ќе се одржат обуки во Штип и Битола, со што вкупната бројка на обучени инспектори ќе достигне 990.

Обуките се дел од проектот „Модернизација на инспекциските служби“, поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Како дел од проектот беше потпишан и Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо. Во реализација на обуките активно е вклучен и Инспекцискиот совет. Главна цел на проектот „Модернизација на инспекциските служби“ е да поддржи креирање на модерен, лесно достапен, предвидлив инспекциски систем, кој ќе настојува да постигне зголемена ефикасност на инспекциските служби како и доброволна усогласеност преку спроведување добри практики и принципи во процесот на инспекцискиот надзор.

Обуки за примена на Законот за општа управна постапка при вршење на инспекциски надзор

Реформата на инспекциските служби како дел од сеопфатната реформа на јавната администрација треба да придонесе кон воспоставување на поефикасен и потранспарентен инспекциски систем преку вклучување на засегнатите чинители со нивните препораки и мислења за соодветни законски решенија и за организациските прашања.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони