Прв состанок на Секторската работна група за дигитално поврзување

Скопје, 28 март 2018 година

Секторската работна група за дигитално поврзување, со која претседаваше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денес го одржа својот прв состанок.

Прв состанок на Секторската работна група за дигитално поврзување

Целта на состанокот, на кој присуствуваа претставници на државните институции, ИКТ секторот, граѓански здруженија и организации, беше запознавање со целите, роковите, приоритетните проекти и начинот на работење, како и изготвување на куса индикативна листа на проекти за дигитално поврзување.

Министерот Манчевски истакна дека, согласно новата Стратегија на ЕК за Западен Балкан, во делот на Дигиталната агенда има дополнителни средства кои би можеле да бидат вложени во регионот, вклучувајќи ја и Македонија.

„Потребно е да изготвиме куса индикативна листа на проекти за дигитално поврзување кои треба да бидат насочени кон економски раст, иновации, прогрес, но и дигитална интеграција на Западен Балкан, во рамките на областите и целите дефинирани во Повеќегодишниот Акциски план за регионален развој на Западен Балкан: мрежи и услуги за дигитално поврзување и пристап, доверба и безбедност во дигиталните услуги, дигитално општество и економија, економски податоци, стандарди и интероперабилност“, истакна министерот Манчевски.

Секторски пристап претставува сеопфатен принцип на ИПА 2 кој има за цел да ја зајакне националната сопственост врз политиката во јавниот сектор и да се зголеми кохерентноста помеѓу секторската политика, трошоците на Владата и резултатите.

„Секторскиот пристап е начин којшто го бара Европската Комисија, но и ние како Влада сакаме да го примениме, што значи заеднички пристап на институциите, невладиниот сектор, коморите, компаниите, за секторско планирање на проектите во делот на дигиталното поврзување“, истакна министерот Манчевски, додавајќи дека ова е механизам којшто може да обезбеди добра финансиска поддршка и да придонесе кон генерален развој во државата.

Посочувајќи дека веќе е формиран Националниот совет за ИКТ, министерот Манчевски додаде дека во моментов во фаза на подготовка е Стратегија за зголемување на пенетрацијата за широкопојасен интернет, Стратегија за Сајбер безбедност, долгорочна ИКТ стратегија, итн.

Прв состанок на Секторската работна група за дигитално поврзување

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони