МИОА со одговор на пресот на Народниот правобранител Мемети

Скопје, 29 март 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација се согласува со насоките на Народниот правобранител Иџет Мемети, дека се потребни конкретни промени во јавната администрација.

Усвоената Стратегија за реформа на јавната администрација (2018-2022), предвидува јасно дефинирани мерки и активности за целосна деполитизација, професионализација и дигитализација на јавната администрација. На овој начин ќе обезбедиме јавна администрација која е во служба на граѓаните, администрација која брзо, едноставно и евтино ќе одговори на потребите на сите граѓани.

Јавната администрација изминатиот период беше користена како алатка за остварување на политичката агенда на претходната власт. За промена на реалната состојба во тој дел, но и на прецепцијата на граѓаните потребни се долгорочни промени.

Министерстовото за информатичко општество и администрација во втората половина на 2018та година, ќе отвори широка јавна расправа за измени во Законот за административни службеници. Како што предвидуваме и во Стратегијата за реформа на јавната администрација, овие промени за кои ќе се согласни сите засегнати страни ќе се случат во текот на 2019та година.

Само на овој начин со системски пристап, со вклучување на сите засегнати страни и политичка волја ќе обезбеди квалитетни и суштински реформи во јавната администрација.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони