Средба на министерот Манчевски со делегација од СР Германија

Скопје, 22 август 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска оствари средба со делегација од Сојузното министерство за економија и енергетика, Стопанската комора на Германија и Источниот комитет- здружение на источна Европа на германското стопанство, предводена од г-дин Хелге Толксдорф, раководител на секторот за проширување на ЕУ, Југоисточна Европа и Турција во Сојузното министерство за економија.

На средбата се разговараше за можност за формирање на билатерален комитет помеѓу двете држави со цел зголемување на инвестиции на германски фирми во Македонија, размена на искуства, продлабочување на соработката, со посебен акцент на дигиталзиација на Македонија.

„Дигиталната агенда ќе биде дел од активностите на кои фокусирано ќе работи билатералниот комитет. Заклучоците од Дигиталниот самит се почеток на тоа што треба да значи дигитализација на Македонија, но и на регионот“, потенцираше Толксдорф.

Министерот Манчевски се осврна на заложбите на МИОА во поглед на големиот број на проекти на кои паралелно се работи во моментов.

„Зголемувањето на бројот на услуги кои ќе ги добиваат граѓаните по електронски пат, заедно со националниот порталот за Е-услуги кој ќе биде пуштен во употреба до крајот на оваа година, е цел која си ја зацртавме и на која посветено работиме. Придобивките од оваа активност ќе бидат големи и за компаниите но и за сите граѓани“, истакна министерот Манчевски.

Министерот Манчевски информираше и за активностите околу мапирање на белите зони и зголемување на пристапот до интернет за сите граѓани. Во однос на заложбите за сајбер безбедност, ги пренесе досегашните активности кои МИОА ги превзеде во оваа област.

„Ја објавивме Стратегијата за сајбер безбедност, а работиме и на Акциски план. Нашата иницијатива за креирање на Академија за сајбер безбедност и Македонија да биде домаќин, наиде на силна поддршка од Европската Комисија, и сметаме дека ќе е од големо значење за сите земји од регионот“, рече министерот Манчевски.

На состанокот се разговараше и за искуството за организирање на првиот Дигитален самит во Скопје, на што ќе следи и Дигиталнит самит во Белград следната година.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони