Националната рамка за интероперабилност бележи одлични резултати во првите 18 месеци

Скопје, 22 октомври 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација со Националната интероперабилност овозможи електронска, стандардизирана и сигурна размена на податоци и документи помеѓу ИТ системите на државните органи и институции. Националната рамка за интероперабилност ги дава принципите и насоките за имплементација на Националната интероперабилност и е базирана на европската рамка за интероперабилност. Платформата за интерперабилност ја поставува основата за размена на податоци помеѓу институциите, обезбедувајќи нивно меѓусебно поврзување и брза и ефикасна комуникација, а со тоа и зголемена ефикасност при спроведувањето на постапките и обезбедувањето на електронски услуги кон граѓаните.

За само 18 месеци функционирање, Националната интероперабилност бележи одлични резултати:

- 32 институции приклучени на платформата

- над 100 веб сервиси за размена на податоци

- повеќе од 10 милиони реализирани трансакции меѓу државните институции

Зголемувањето на бројот на институции кои ја користат платформата за интероперабилност и бројот на веб сервиси за размена на податоци ќе биде главна цел на Министерството за информатичко општество и администрација и во наредните години.

Повеќе информации на следниот линк: http://www.mio.gov.mk/?q=mk/node/1320

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони