Средба Манчевски- Габриел: Македонија да се приклучи на иницијативата за 5Г прекуграничен коридор за автопатишта

Софија, 15 ноември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на фондот за иновации Јово Деспотовски, денеска остварија работна средба со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел.

Средбата се оствари во рамки на Startup Summit 2018, што денеска се одржува во Софија, Р. Бугарија, а се разговараше за повеќе теми од областа на дигитализацијата на Македонија и за соработката помеѓу државите од Западен Балкан.

Министерот Манчевски ја претстави идејата и подготвеноста на Македонија да се приклучи кон иницијативата 5Г прекуграничен коридор за автопатишта, што претходно беше потпишан од страна на Србија, Бугарија и Грција. Еврокомесарката Габриел ја поддржа спремноста на Македонија и понуди целосна помош од Европската Комисија за реализација на оваа идеја.

Манчевски и Деспотовски го претставија концептот на научно-технолошкиот парк што е во финална фаза на подготовка, а еврокомесарката Габриел изрази заинтересираност на почетокот на следната година да го посети и на тој начин да го поддржи концептот на технолошкиот парк.

Еврокомесарката Мариа Габриел, ја повтори важноста од приклучување на Р. Албанија и Р. Косово, кон договорот потпишан помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, за намалување на цените во роаминг, што понатаму би прераснало во целосно укинување на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан до 2021-ва година.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони