Повик за пријавување на првиот регионален онлајн натпревар “Balkathon-Smarten up for the future”
Скопје, 03 јули 2020
Советот за регионална соработка- RCC, го организира првиот регионален онлајн натпревар, под слоганот “Balkathon-Smarten up for the future”.
Балкатон претставува можност за промоција на дигиталните паметни решенија, мрежни поврзувања на младите, мрежи на стартапи... со цел да работат заедно, изнајдат иновативни решенија и одговорат на потребите после пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
Понатаму, овој натпревар ќе собере млади иновативни луѓе, стартапи, центри за дигитални иновации, научни паркови, универзитети, мали и средни претпријатија и други различни заинтересирани страни од регионот на Западен Балкан, да работат заедно и да создадат нови идеи и решенија коишто ќе можат да се имплементираат во регионот .
Предложените теми за Балкатон се: паметен туризам, платформа за дигитално учење и решение за плаќање преку Интернет. За секоја од темите, на победникот (победниците), ќе им се додели награда од 10.000 евра.
Аплицирањето започна на 1 јули 2020 и ќе трае до 12 јули 2020, до 12.00 часот.
Повеќе информации на следниов линк:
Министерство за информатичко општество и администрација