Сподели:

Одржана четврта седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020

Скопје, 31 јули 2020

На 29 јули се одржа четвртата дописна седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

На четвртата седницата учествуваа: На 4-та дописна седницата учествуваа: Маја Петковска Лесес - Кабинет на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност; Герман Филков - Центар за граѓански комуникации; Маја Коневска - Државна комисија за спречување на корупцијата; Миша Поповиќ - Институт за демократија „Социетас Цивилис“; Горан Мојаноски - Министерство за финансии; Дарко Антиќ - Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените; Надица Јосифовски - Министерство за информатичко општество и администрација; Мартин Тодевски - Центар за управување со промени; Ели Чакар - Министерство за локална самоуправа; Благица Димитровска - Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“; Душан Томшиќ - Министерство за труд и социјална политика; Ивона Сталевска - Фондација Отворено општество–Македонија; Теодора Обрадовиќ Грнчаровска - Министерство за животна средина и просторно планирање и Наташа Марковска – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија - МАНУ.

МИОА обезбеди стручно-административна поддршка за подготовка, организација и спроведување на седницата.

Во пресрет на отпочнување на процесот на ко-креирање на петтиот акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023, Советот на оваа седница ги усвои следните документи:  Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство” со  временска рамка, Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година со Пријава и Насоки за спроведување на прашалник за оценка на имплементацијата на мерките од Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 и потребата од нивно вклучување во новиот акциски план.

На оваа седница Советот, од редот на своите членови формираше Работна група за подготовка на материјали кои произлегуваат од Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство”: План за промовирање на јавниот повик, Едукативен материјал и Критериуми за оценување на релевантноста и поврзаноста со начената на ОВП, во состав: Маја Петковска Лесес, Герман Филков, Миша Поповиќ, Дарко Антиќ, Надица Јосифовски, Мартин Тодевски, Ели Чакар, Благица Димитровска и Ивона Сталевска.

Со ваков пристап е очекувано е да се обезбеди систематизиран начин на планирање и спроведување  на процесот на консултација, кој ќе осигура навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-реирање на новиот акцискиот план за  Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form