Сподели:

Министерот Јетон Шаќири се сретна со Амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан

Скопје, 04 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан.

Средбата беше посветена на меѓусебно запознавање и претставување на можностите за идна соработка.

Министерот Шаќири го запозна амбасадорот Томан со плановите и проектите на МИОА, во однос на дигитализацијата и реформата на јавната администрација. Исто така, беа разгледани можностите за размена на искуства и добри практики меѓу двете страни  и во однос на другите проекти поврзани со министерството.

Министерот Шаќири му се заблагодари за искажаната поддршка на амбасадорот Томан, кој е првиот гостин од меѓународната заедница со кого тој се сретнува, по преземањето на функцијата министер за информатичко општество пред неколку дена.

Амбасадорот на Република Чешка воедно, го покани министерот за учество на претстојната дигитална онлајн конференција ,,Prague 5G Security Conference", која ќе биде посветена на 5Г, а ќе се одржи во Прага.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form