Сподели:

Министерот Јетон Шаќири се сретна со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река

Скопје, 14 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири се сретна со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

На средбата се разговараше за продолжување и унапредување на соработката, со посебен акцент на дигитализацијата и реформата на јавната администрација.

Во таа смисла, амбасадорот Река упати покана за посета на тамошните институции во Тирана, со цел одблиску да се споделат позитивните искуства на Албанија поврзани со електронските услуги за граѓаните и државната администрација.

Министерот Шаќири се заблагодари на поканата, воедно истакнувајќи дека меѓусебната соработка и споделувањето добри практики и искуства ќе помогне во подобрувањето и унапредувањето на електронските услуги воопшто.

На денешната средба исто така се разговараше  за Академијата за обуки во Тирана и остварување на заедничка соработка.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form