Сподели:

Работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина

Скопје, 17 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Jeton Shaqiri  денеска одржа работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.

На средбата беа разменувани искуства и разгледувани тековните и идни проекти, во насока на понатамошен развој на дигиталното општество и на економската сфера воопшто.

Министерот Shaqiri  рече дека соработката со Народна Република Кина трае долги години и придонесува кон модерните процеси кои се одвиваат во нашата земја.

„Ние како МИОА, кое е значајно министерство за реформа на јавната администрација и дигитализацијата, ќе продолжиме во однос комплетирањето на внатрешните реформи на администрацијата и ќе го продолжиме процесот на дигитално поврзување на што повеќе институции“, порача министерот Shaqiri

Амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо од своја страна изрази задоволство од досегашната соработка и изрази расположеност за поинтензивна соработка, особено сега, во време на пандемија, кога дигитализацијата особено игра важна улога.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form