Сподели:

Работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс

Скопје, 22 септември 2020

Стратешкото партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите американски држави уште еднаш беа потврдени на денешната работна средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија д-р Јетон Шаќири и амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнс.

Посебен акцент на средбата беше ставен на процесот на интеграција кон Европската Унија и членството на Република Северна Македонија во НАТО, реформата во јавната администрација, дигиталната агенда и дигитализацијата на јавните услуги.

Министерот Шаќири укажа на интересот и преземените активности од негова страна и од страната на МИОА во заложбите за јакнење на капацитетите на администрацијата преку нејзина професионализација, деполитизација, како и реорганизација и на дел од јавните институции со цел давање подобри услуги на граѓаните.

Соговорниците уште еднаш ги потврдија партнерството и соработката, а на министерот Шаќири му беа упатени честитки со желба за успех во понатамошната работа на чело на Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form