Сподели:

Работна средба со Синдикатот на УПОЗ

24 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари средба со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани-УПОЗ Пецо Грујовски.

Средбата беше искористена за меѓусебно запознавање и разгледување на прашањата кои се од важност за соработката меѓу МИОА и УПОЗ, особено во однос на правата и обврските на вработените во јавниот сектор, како и меѓусебна соработка во изменувањето на законските акти кои ќе бидат носени во иднина.

Воедно, министерот Шаќири ги посочи активностите на министерството кои се однесуваат во делот на реформата во јавната администрација, нагласувајќи дека МИОА ќе ја продолжи соработката со УПОЗ, ќе се работи на гранскиот колективен договор и на унапредување на истиот. Просторот за соработка е отворен и  конструктивниот дијалог ќе продолжи и во иднина.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form