Сподели:

Министерот Шаќири се обрати на настанот„Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“

Скопје, 24 септември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се обрати на настанот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“, во организација на Транспаренси интернешенал и Државната комисија за спречување на корупцијата, а поддржан од Холандската амбасада.  На настанот се говореше за актуелната состојба и предизвиците со кои се соочуваат институциите, како значајни чинители во борбата за превенција и репресија на корупцијата како најголемо општествено зло.

Во своето обраќање, министерот Шаќири акцентот го стави на Стратегијата за реформи на јавната администрација, чијашто цел е стручна, професионална и департизирана администрација.

„Министерството за информатичко општество и администрација во изминатите три години интензивно работеше на спроведување на мерката: Намалување на ризиците од политизација преку воведување на јасни критериуми и транспарентност при изборот на најдобар кандидат за вработување и унапредување. Беа преземени и реализирани неколку активности: Анализа на примената на Законот за административни службеници (ЗАС) и Законот за вработените во јавниот сектор (ЗВЈС) и Изготвување на предлози за изменување и дополнување на регулативата, со цел минимизирање на ризиците од влијанија и субјективизам и зајакнување на транспарентноста на процесот на вработување и унапредување на административните службеници. “, рече министерот Шаќири.

Според министерот, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административните службеници и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор се на ЕНЕР поставени веќе цела година, а се резултат на сеопфатна дебата на Министерството со засегнатите страни, во која неизоставно свое учество и конструктивен придонес беше даден и од страна на претставниците од Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Во моментов, во Министерството е формирана  работна група која ќе направи ревизија на предложените решенија, па оттука овој Извештај со наодите и препораките кои се однесуваат на ранливите точки како што се непотизмот, кронизмот и клиентелизмот во постапките за селекција и вработување доаѓа за нас во право време. Верувам дека најголем дел од истите ќе бидат внимателно разгледани и содржани во новите текстови на предлог закони за административните службеници и вработени во јавниот сектор“, рече министерот Шаќири.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form