Сподели:

Работна средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација д-р Јетон Шаќири и директорот на Управата за водење на матични книги Бујар Дардишта

Скопје, 07 октомври 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири одржа работна средба со директорот на Управата за водење на матични книги Бујар Дардишта.
На средбата се разговараше за дигитализацијата на услугите и нивното вклучување на порталот е-услуги, со што граѓаните ќе можат да подигаат изводи, уверенија и други документи по електронски пат.
Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, при што министерот Шаќири изрази целосна поддршка за интеграцијата на услугите во единствен електронски систем.
 
 
Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form