Сподели:

Одржан 10-от јубилеен состанок на специјалната група за реформа на јавната администрација(СГ-РЈА), помеѓу Европската унија и Република Северна Македонија

Скопје, 08 октомври 2020

Денеска се одржа 10-от јубилеен состанок на специјалната група за реформата на јавната администрација(СГ-РЈА), помеѓу Европската унија и Република Северна Македонија.
На онлајн состанокот учествуваа министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, работната група од МИОА, претставници на Европската Комисија и Делегацијата на ЕУ, меѓу кои и Дејвид Кален, раководител на одделение во Генералниот Директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, претставници на СИГМА и РеСПА и претставници од други институции вклучени во овој процес.
 
Состанокот се одржа само два дена по Објавувањето на Извештајот на ЕК и Економско-инвестицискиот план за поддршка на реформите во земјава.
Министерот Шаќири во своето обраќање, ја поздрави соработката со Европската Унија и со СИГМА како клучен партнер во сите процеси што ги спроведува МИОА, потврдувајќи дека реформата на јавната администрација е клучен приоритет на Владата.
 
Тој потенцираше дека посебно внимание ќе биде посветено на доследно спроведување на законската рамка за вработувања во јавниот сектор почитувајќи ги принципите на заслуги, транспарентност и правична застапеност и реорганизацијата на органите на државна управа.
 
 
Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form