Сподели:

Онлајн состанок со Фондацијата Метаморфозис, на кој учествуваше министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири

Скопје, 13 октомври 2020

Денеска се одржа онлајн состанок со Фондацијата Метаморфозис, на кој учествуваше министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
 
Состанокот беше посветен на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда– ICEDA“, ко-финансиран од Европската Унија, на кој Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е придружен партнер. Целта на овој проект е да се зголеми учеството на граѓанските организации во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда на Западен Балкан.
 
Теми на онлајн состанокот, меѓу тимот на МИОА и директорот на Фондацијата Метаморфозис Бардил Јашари, меѓу другото беа и специфичните цели на проектот, како што се: зголемување на капацитетите на граѓанските организации и медиумите за справување со предизвици поврзани со дигиталната агенда, зајакнување на довербата и безбедноста на интернет со одржување обуки за подигнување на свеста преку мрежа на граѓанските организации кои промовираат дигитална писменост, вештини и вклученост на регионално, национално и локално ниво , како и учеството на граѓанските организации во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда на Западен Балкан.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form