Сподели:

Работна средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација и новиот ЕУ амбасадор Дејвид Гер

Скопје, 20 октомври 2020

Денеска се одржа работна средба со новиот ЕУ амбасадор Дејвид Гер. Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што министерот Јетон Шаќири го запозна евроамбасадорот со проектите на министерството во насока на професионализација на администрацијата, развој на дигитализација на јавните услуги, како и активностите кои ќе се преземат за подобрување на климата за слобода на медиумите и нивната финансиска независност.
 
Воедно, му се заблагодари за големата поддршка од страна на Европската Унија и за успешната соработка која ќе продолжи и понатаму, со конкретни проекти во текот на 2020 и 2021 година.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form