Работна средба помеѓу министерот за информатичко општество и администрација и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн
Скопје, 20 октомври 2020
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн. Се разговараше за тековните проекти на министерството, предизвиците и остварените цели, како и идните планови за соработка.
На средбата се истакна потребата за преземање конкретни чекори во насока на деполитизација на администрацијата, и се разговараше за придобивките кои ги носи процесот на дигитализација. МИОА и германската амбасада ќе ја продолжат успешната соработка.


Министерство за информатичко општество и администрација