Сподели:

Потпишан Меморандум за соработка меѓу МИОА и МАСИТ

Скопје, 22 октомври 2020

Министерството за информатичко општество и администрација и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) се обврзуваат да ја продлабочат соработката и заедничкото поврзување, со цел подобра имплементација на заедничките активности.

Овој Mеморандум има за цел да обезбеди меѓусебна соработка помеѓу страните со цел да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката на ИКТ на секоја од страните во насока на:

  • подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ секторот и ИКТ кадрите
  • забрзување на развојот на ИКТ секторот, развој на ИКТ дејноста, усвојување и воведување на современи технологии и методи на работење од/во ИКТ индустријата и во работењето воопшто
  • подигнување на нивото на дигиталната писменост кај граѓаните преку организирање на обуки
  • истражувањe за развој на техничко - технолошките достигнувања
  • организирање на обуки за стручно усовршување на ИТ кадри
  • учество на ИКТ индустријата во подготовката на законите и другите прописи во надлежност на првата страна
  • давање на експертски мислења од ИКТ областа со акцент на дигитална трансформација на комуникациите
  • унапредување на условите за ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации
  • унапредување на развојот и поттикнување на инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи
  • подобрување и олеснување на процесот на јавни набавки во ИКТ
  • донесување и имплементација на стандарди во областа на ИКТ и заштитата на мрежи и информациски системи.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form