Сподели:

Работна средба на министерот Шаќири со експерт за функционална анализа и државна реорганизација

Скопје, 28 октомври 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работна средба сo Александрс Антоновс (Mr Aleksandrs ANTONOVS) експерт за функционална анализа и државна реорганизација.
На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на реорганизација на јавната управа и беа дадени предлози за унапредување на соработката. Се разговараше за имплементацијата на двегодишниот ИПА проект “Поддршка за реорганизација на јавната администрација”.

Целта на овој проект е да се оптимизира целокупната институционална рамка, да се зајакне испораката на јавните услуги и зајакнување на етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација.  Во таа смисла, денеска воедно беа презентирани и активностите кои ќе следат во наредниот период.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form