Одржани информативни е-средби за едукација при подготовка на петтиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023

Скопје, 30 октомври 2020

Во рамките на глобалната иницијатива Отворено владино партнерство, на 29 октомври 2020 се одржаа информативни онлајн средби, за едукација при подготовка на петтиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023, процес кој предвидува вклучување на сите релевантни чинители.

Информативните средби ги отвори Националната координаторка за ОВП при МИОА, Гордана Гапиќ Димитровска, а учествуваа Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, Дарко Антиќ од Здружението за еднаквост, солидарност и еманципација на жените ЕСЕ и Ивона Сталевска од Фондација Отворено општество - Македонија.

Притоа, беа презентирани придобивките од приклучувањето на ОВП, како и утврдените приоритетни области кои би се решавале преку отвореното владино партнерство како што се транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност, Спречување на корупција и промовирање на добро владеење, Испорака на јавни услуги и Пристап до правда. Воедно беше презентирана и динамиката со која се спроведува процесот.

Овие средби имаат за цел да ја промовираат иницијативата ОВП меѓу граѓанските организации и државните институции и подетално да ги информираат и едуцираат за значењето на ОВП процесот, како секој може да се вклучи и придонесе, кои се придобивките и остварениот напредок, кои приоритетни области ќе се решаваат во НАП5, динамика на спроведување на процесот, начинот на координација, кокреација и следење на НАП5 и најава за алатката во изработка за спроведување на онлајн консултации за ОВП.

Првата фаза на унапредување на свесноста за процесот на пријавување заврши во септември 2020, а тековниот период октомври-ноември 2020 ќе се искористи за прибирање на идеи и решенија од сите учесници во процесот. Изготвувањето на предлог мерките е планирано за декември 2020 – јануари 2021, додека усвојувањето на мерките ќе се случи во периодот март – јуни 2021.

Почнувајќи од следната недела, согласно претходно пополнета пријава за учество во процесот на консултација и креирање на петтиот Национален акциски план за ОВП 2021-2023, Временската рамка за подготовка на АП5 и Постапката за спроведување на консултациите за креирање на заложби – документи усвоени на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година, ќе се одржат е-работилници за секоја приоритетна област и тоа:

  • Пристап до правда - 3 ноември 2020, вторник, 09:45 - 12:00 часот
  • Испорака на јавни услуги - 4 ноември 2020, среда, 09:45 - 12:00 часот
  • Спречување на корупција и промовирање на добро владеење - 5 ноември 2020, четврток, 09:45 - 12:00 часот
  • Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност - 6 ноември 2020, петок, 09:45 - 12:00 часот

Инаку, како што беше презентирано на средбата, Процесот на координација, ко-креација и следење на ОВП процесот, ќе се одвива преку неколку механизми.

Мрежата на граѓански организации за ОВП која се формира во пресрет на подготовката на новиот , петти национален акциски план, ќе има за цел поорганизирано делување на граѓанското општество во креирањето на планот како и поттикнување и мониторинг на имплементацијата на истиот. Мрежата ќе го координира и зајакне гласот на граѓанските организации кои се залагаат за партиципативност, отвореност и отчетност на властите.

Советот за координација и следење на процесот на ОВП и НАП за ОВП има советодавна и одлучувачка улога и на структуриран начин ќе го максимизира учеството и соработката помеѓу институциите и граѓанското општество, преку вклучување на сите релевантни партнери во дискусијата. Советот кој брои 14 членови (7 од институциите и 7 граѓанското општество), е формиран со цел да се поттикне отвореноста и транспарентноста на институциите, да обезбеди меѓусекторска соработка но и да воспостави јасни, структурирани и трајни механизми за постојан дијалог помеѓу властите и граѓанското општество, но и да го зголеми учеството на ГО во процесите на ОВП.

Алатката за спроведување на онлајн консултации, односно платформата за Отворено Владино партнерство ќе се користи за информирање, консултации, следење и размена на знаења меѓу сите вклучени страни во ОВП – институциите, граѓанските организации, граѓаните, Советот и Мрежата. Воедно, веб порталот ќе понуди алатки за комуникација и координација кои ќе го олеснат процесот на развивањето на новиот АП за 2021 – 2023 година.

 

Република Северна Македонија е дел од глобалната инцијатива Отворено владино партнерство (ОВП), која претставува меѓународна платформа во чиишто рамки властите и граѓанските организации се залагаат владите да бидат поотворени и поодговорни пред нивните граѓани. Досега Владата на РСМ има усвоено четири акциски планови (во 2012, 2014, 2016 и во 2018 година).

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони