Министерот Шаќири учествуваше на министерскиот состанок во рамки на Дигиталниот Самит за Западен Балкан

Тирана, 02 ноември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, денес учествуваше на министерскиот состанок во рамки на Дигиталниот Самит за Западен Балкан, кој се оддржува во Тирана, како завршен настан на Третиот дигитален Самит.

Овој самит се реализираше во рамките на иницијативата што произлезе од Берлинскиот процес и повеќегодишниот Акцискиот план на Регионалнaта Економски Зона (МАP - REA) за Западен Балкан.

Церемонијата ја отвори премиерот на Република Албанија, г-ин Еди Рама, нагласувајќи ги во својот говор придобивките од заедничката Дигитална агенда.

На тркалезната маса, покрај министерот Шаќири учествуваa и неговите колеги од регионот: Војин Митровиќ министер за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина, Блерим Кучи министер за економски развој и животна средина на Косово, Сузана Прибиловиќ министерка за јавна администрација на Црна Гора, Татјана Матиќ министерка за трговија туризам и телекомуникации на Србија, како и албанскиот заменик министер за инфраструктура и енергетика Етјен Џафај.

Со партнерите од Западен Балкан, министерот Шаќири имаше можност да размени искуства и добри практики во однос на дигиталната трансформација на регионот. Високите соговорници меѓусебно разговараа за можностите за продлабочување на соработката, но и за предизвиците со кои се соочуваат во остварувањето на крајната цел, а тоа е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани од шесте држави.

Министерскиот состанок заврши со церемонија на потпишување на два Меморандуми со кои ќе се продлабочи соработката во областите на 5Г, Интероперабилност и други области, во насока на дигитална интеграција, безбедна размена на податоци и поголемо меѓусебно поврзување.

Воедно, беа усвоени и заклучоците од одржувањето на третиот Дигитален Самит за Западен Балкан, во однос на активностите што ќе следат. Самитот ја промовира дигиталната перспектива на Западен Балкан, а опфати 4 главни платформи: Поврзување на мрежата и услугите, доверба и безбедност, дигитални вештини и дигитална економија.

 

 
 
 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони