Работна средба со амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш

Скопје, 4 ноември 2020

Словачките искуства и знаења во однос на дигитализацијата на јавната администрација беа во фокусот на денешната работна средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.

Двајцата соговорници разговараа за реформските процеси и билатералната соработка, особено за поддршката што Северна Македонија ја добива преку „Словачка помош“ (Slovakia Aid)

Во таа насока, амбасадорот Маркуш му го претстави на министерот Шаќири проектот: „Трансфер на знаење за дигитализација на јавната администрација“, кој има за цел пренесување на реформските искуства на Словачка и поддршка за ефикасно функционирање на државната администрација во областа на дигитализацијата, согласно интегративниот процес на Европската Унија.

Министерот Шаќири изрази задоволство што преку партнерски однос ќе биде воспоставена соработка и ќе бидат пренесени корисни искуства преку предложените активности, вклучувајќи ги и работилниците на кои ќе учествуваат вработените во јавната администрација. Резултатите од проектот се поефикасно обезбедување електронски услуги, препораки за развој на системи за безбедност на информациите, како и интероперабилност, но ќе служи и како патоказ за неопходните чекори од аспект на законодавството и организациска поддршка.

Воедно, министерот Шаќири му се заблагодари на амбасадорот Маркуш за поддршката на Република Словачка во однос на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија, истакнувајќи дека словачките искуства се од големо значење.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони