Сподели:

Министерот Јетон Шаќири оствари состанок со претставници на повеќе институции

Скопје, 25 ноември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари состанок со претставници на повеќе институции, министерства и други институции во врска со проектот што МИОА го започна во рамките на ИПА програмата со делегацијата на ЕУ, за зајакнување на електронските услуги.
 
Преку овој проект, ќе бидат имплементирани 135 нови електронски услуги за граѓаните и бизнисите во Република Северна Македонија, што ќе ги приближи нашите институции до секој граѓанин.
На оваа средба министерот Шаќири уште еднаш ја истакна важноста од дигитализација на услугите за граѓаните и бизнисите, барајќи максимална посветеност од јавните институции - наши партнери во овој проект, со цел да се обезбедат електронски услуги за секој граѓанин - бројни електронски образовни, социјални, здравствени услуги, царина, транспорт, екологија, централен регистар, катастар, итн.
 
Исто така, на оваа средба беа одговорени прашања од технички аспект за имплементацијата на овие електронски услуги, при што беше истакната важноста од физичкото присуство на надворешните компании, кои се главни реализатори на проектот, што дополнително ќе ја динамизира работата, која што е еден од главните приоритети за овој мандат.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form