Сподели:

Пленарен состанок на ИПА Секторските работни групи за реформа на јавната администрација и Локален и регионален развој

Скопје, 27 ноември 2020

Денеска се одржа Пленарен состанок на ИПА Секторските работни групи за реформа на јавната администрација и Локален и регионален развој, на кој беше претставена Програмската рамка за третиот инструмент за претпристапна помош ИПА 2021-2027 или ИПА 3.
 
Целта на состанокот беше да се обезбеди широка консултација и верификација на стратешките одговори за ИПА 3 и подобра координација на поддршката на донаторите и националните активности во овие сектори во наредниот период.
 
Состанокот го отвори министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, кој во својот воведен говор ја потврди заложбата за реформа на јавната администрација како клучен приоритет, воедно заблагодарувајќи се на ЕУ за поддршката во сите реформски процеси.
 
Свое учество имаа и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и претставник на Секретаријатот за европски прашања.
 
„ИПА 2021-2027, или ИПА 3 е дизајнирана за да го поткрепи процесот на трансформација во Западен Балкан во дадениот период, ги поддржува сите земји од Западен Балкан во процесот на усвојување и имплементација на клучните реформи и нивно усогласување со европските вредности, неопходни за идно членство во Унијата“. Во ДГ НЕАР е подготвена т.н Програмска рамка за ИПА 3. Документот се води по слична секторска поделба како и ИПА 2 и ги набројува приоритетите на ЕУ во сите сектори кои сега се нарекуваат „прозорци“, рече министерот Шаќири.
 
Примарен фокус на состанокот беше презентација на два Стратешки одговори односно сегменти од истите, кои се однесуваат на Реформа на јавната администрација и зајакнување на процесот на децентрализација и на Дигитална економија и општество.
 
Поконкретно, станува збор за стратешките одговори : ИПА III Стратешки одговор за Прозорец II: Добро управување, усогласување на законодавството, добри меѓусоседски односи и стратешки комуникации, како и ИПА III Стратешки одговор за Прозорец III: Зелена агенда и одржлива поврзаност.
 
Учесниците остварија богата дискусија со конструктивни предлози во насока на подобрување на квалитетот на документите.
 
МИОА е клучно министерство за спроведување и следење на процесот на реформи во јавната администрација. Станува збор за континуиран процес на реорганизација на институциите во јавниот сектор и унапредување на нивниот административен капацитет, а воедно и еден од клучните приоритети во пристапното партнерство и важен предуслов во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.
 
 
 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form