Заменик-министерот Бајдевски претседаваше со осмиот состанок на Секретаријатот за реформа на јавната администрација
Скопје, 2 декември 2020
Секретаријатот за реформа на јавната администрација денеска го одржа осмиот состанок, кој се реализираше преку видео-конференциска врска со употреба на интернет комуникација.
Состанокот го отвори заменикот-министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски кој е Раководител на Секретаријатот, а учествуваа членовите на Секретаријатот за реформа на јавната администрација и меѓународни експерти.
На седницата се презентираа резултатите од спроведувањето на ИПА 2 Проектот „Поддршка на државната реорганизација“, прдлог Законот за организација на работа на органите на државната управа и хоризонталната функционална анализа на јавната администрација,
Се разговараше за статусот на реализација на мерките предвидени во Стратегијата за реформа во јавната администрација согласно Акцискиот план (2018 -2020), а беше презентиран и Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за РЈА за 2019 година.
Воедно, беа презентирани заклучоците од 10-от состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација.
Водењето на реформите, како и реализацијата на мерките и активностите предвидени во Стратегијата за реформа на јавната администрација претставува континуиран процес, со цел професионална и департизирана администрација и е еден од предусловите на патот кон Европската Унија.
Министерство за информатичко општество и администрација