Сподели:

Министерот Јетон Шаќири оствари состанок со Пол Масен, генерален секретар за отворено владино партнерство

Скопје, 2 декември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работен состанок со Генералниот секретар на Секретаријатот за Отворено владино партнерство Пол Масен, во врска со процесот на Отворено владино партнерство (ОВП) во нашата земја.

Република Северна Македонија е меѓу првите земји што се приклучија на ова глобално партнерство. Преку оваа иницијатива  Република Северна Македонија има спроведено четири акциски планови и има постигнато значајни реформи во различни важни области, вклучително фискална транспарентност, соработка со граѓанското општество, заштита на укажувачи, јавни набавки, спречување на корупција, пристап до правда и отворени податоци.

На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на постигнувањата за овој процес и беа дадени предлози за унапредување на соработката во текот на 2021 година.

Во рамки на оваа иницијатива, во еден динамичен и инклузивен амбиент,  во тек е процесот на ко-креирање на петтиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство за периодот 2021-2023 година кој се фокусира на следните приоритетни области: Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност, Спречување на корупција и промовирање на добро владеење, Испорака на јавни услуги  и Пристап до правда.

Со цел унапредување на можностите за навремено информирање на граѓаните, невладините организации, деловните субјекти и државните институции и нивно вклучување во оваа иницијатива, подготвена е Онлајн платформа за ОВП.

Оваа платформа официјално ќе биде пуштена во употреба на 9-ти декември 2020.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form