Сподели:

Изјава на министерот Јетон Шаќири за Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби

Скопје, 04 декември 2020

Како резултат на четиригодишната соработка помеѓу МИОА, како главен партнер на Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби, имплементиран од ИДЕАС ДеПо, денес Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири даде изјава за завршување на Проектот, во насока на придобивките од Законот за инспекциски надзор и софтверското решение кое е во тек на изработка и ќе претставува модерен централизиран систем за планирање, реализација и следење на инспекциските надзори од разните инспекциски служби.
 
Оваа фаза на инспекција вклучува три инспекциски служби и Инспекцискиот совет, но се очекува дека во иднина, сите инспекторати ќе започнат да го користат овој систем.
Системот за е-инспекторати е вклучен во националната платформа за интеракција, што е администриран од МИOA.
 
Министерот Шаќири истакна дека оваа одлука ќе биде важен чекор во процесот на дигитализација на јавните услуги што државата ги обезбедува за граѓаните и бизнисите и ќе ја зголеми транспарентноста и ефикасноста на инспекциските услуги.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form