Сподели:

Работна средба помеѓу министерот Јетон Шаќири и Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија

Скопје, 10 декември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири одржа работна средба со Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија.
На работната средба учествуваа и стручни тимови на МИОА и ЕУ, при што се разговараше за статусот на реализација на тековните и идни проекти во насока на реорганизација на јавната администрација и дигитализација, што се финансирани преку ИПА проектите.
 
Притоа беше констатирано дека спроведувањето на активностите оди со предвидената динамика и ќе продолжи и во наредниот период со максимална вклученост и ангажираност.
Воедно, на работната средба беа разгледувани и можностите за соработка и во однос на идните проекти кои би биле поддржани преку програмата ИПА 3, односно третиот инструмент за претпристапна помош ИПА 2021-2027.
 
Потврдувајќи ја заложбата за реформа на јавната администрација како врвен приоритет, министерот Шаќири изрази задоволство од соработката и се заблагодари за континуираната поддршка од страна на ЕУ со цел професионализација на администрацијата која треба да биде вистински сервис на граѓаните.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form