Министерот Шаќири учествуваше на состанок на Националниот инвестициски комитет

Скопје, 14 декември 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири учествуваше на состанок на Националниот инвестициски комитет, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,Зоран Заев, Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир, Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европска Унија и Фатмир Бесими, министер за финансии.

Во своето обраќање, министерот Шаќири посочи дека Владата на РСМ, преку МИОА, е цврсто решена во своите заложби да ги користи предностите на ИКТ индустријата и да создаде напредно информатичко општество, и со тоа да ја зголеми продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор.

„МИОА е главниот субјект за креирање политики за е-влада и ги води напорите за дигитална трансформација на општеството согласно политиките и директивите на ЕУ, имајќи го исто така под своја одговорност извршувањето и спроведувањето на мнозинството иницијативи за е-влада. Ревидирањето на Единствената Секторската проектна листа (Single Project Pipeline) со ажурирани приоритети е од клучна важност за нас во процесот на планирањето и спроведувањето на проектите, со овозможување на систематско и навремено планирање на ресурсите и зголемување на капацитетите на апсорпција на секоја поддршка. На тој процес му пристапуваме со силен ентузијазам, максимална сериозност и посветеност“, рече министерот Шаќири.

Министерот Шаќири порача дека МИОА останува цврсто посветено на спроведувањето на предвидениот проект „NODE” – North Macedonia Digital Economy, чие започнување може да се очекува на почетокот на следната година.

„Сите останати проекти и приоритети кои ги предвидуваме се во корелација и тесно зависат од усвојувањето на Националната ИКТ стратегија, која се фокусира на идентификуваните приоритетни области во ИКТ секторот и има за цел да ја подготви Република Северна Македонија за разновидна и агилна дигитална иднина“, рече министерот Шаќири, посочувајќи дека Националната ИКТ стратегија тематски опфаќа 6 столба : Национална поврзаност и владина инфраструктура, Централизација и преструктурирање на ИКТ и услугите од е-влада, Дигитални вештини, Истражување, развој и иновации, Заштита на податоци и Дигитални услуги.

Министерот Шаќири предложи, постоечката листа на проекти да се дополни со проект за воспоставување на Заеднички владин податочен центар, кој со сигурност ќе биде дел од Националната ИКТ Стратегија, земајќи ја предвид големата важност на истиот.

Проектот има за цел да ја зајакне владината дигитална инфраструктура преку создавање соодветни услови за сместување на владините ИКТ системи, што е клучно во процесот на дигитализација на јавните услуги.

Овој центар за податоци ќе обезбеди соодветна околина за хостирање за сервери, системи и апликации од сите министерства и агенции, согласно со светските стандарди. Преку негово поврзување со резервниот центар во Прилеп ќе се овозможи и репликација на клучните владини податоци, со што ќе се обезбеди доверливост, интегритет и висока достапност.

Податочниот центар ќе има значителна улога во намалување на дигиталниот јаз кој постои помеѓу нашата земја и земјите членки на ЕУ и забрзување на дигиталната трансформација, што особено ќе биде олеснето со 3 очекувани резултати од овој проект, односно:

1. Намалување на трошоците за дигитализација преку:

• Оптимална искористеност на достапните хардверски ресурси

• Задржување и специјализирање на ИКТ персоналот

• Одржување на еден систем за ладење, континуирано напојување и рано предупредување

• Намалување на трошоците за поврзување помеѓу институциите и со резервната локација

• Намалување на тековните трошоци за изнајмување, колокација и користење на облак технологии за владините системи

2. Зголемување на достапноста и подобрување на безбедноста и управувањето со хардверот и софтверските решенија

3. Значително намалување на штетните последици врз околината од страна на владиниот дигитален сектор

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form