Сподели:

Учество на заменик министерот за информатичко општество и администрација на Вториот секторски комитет за следење на демократијата и владеењето

Скопје, 17 декември 2020

Денес заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, учествуваше на Вториот секторски комитет за следење на демократијата и владеењето,  во чии рамки се разгледуваа ефективноста, ефикасноста, квалитетот, координацијата и усогласеноста на активностите во доменот на Реформата на јавната администрација, со крајна цел сестрано унапредување на процесот.

Заменик министерот истакна дека е забележан сериозен напредок во РЈА, која е еден од клучните приоритети во пристапното партнерство и е важен предуслов во процесот на Европска интеграција на Република Северна Македонија. Оттука, реформските процеси  во овој сектор се клучен приоритет на МИОА.

„Водејќи се од јасно дефинирани цели, како и наоди и препораки нотирани од Европската Комисија дадени во насока на темелна и сеопфатна реформа и системско решавање на идентификуваните проблеми,  МИОА подготвува измени и дополнувања  на законската рамка преку интервенција во Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавен сектор. Овие интервенции предизвикаат потреба за усогласување на Законот за висока раководна служба со двата закони, а заедно со неопходната измена на Законот за организација и работа на органите на државна управа претставуваат пакет со кој МИОА ќе воспостави системски решенија со кои ќе се разграничи политичкото од професионално, ќе се воспостават јасни линии на меѓуинституционална отчетност, но и значително ќе се подобри процесот на селекција, унапредување и мобилност во јавниот сектор. Меѓу другото, најзначајно е што конечно со овие закони се обидуваме да воспоставиме долгорочни решенија со кои ќе се овозможи задржување на ИПА структурата  и другите дефицитни кадри на централно и локално ниво. Овие измени се клучни за унапредување на работата и организационите капацитети на институциите  и доброто управување кои пак воедно се предуслов за засилување на довербата на граѓаните во државата и институциите.“ рече заменик министерот Бајдевски.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form