Барање за пристап до следната информација:
Процесот на избор/именување на државен секретар (од објавувањето на огласот (и самиот оглас) до крај на постапката за категорија Б, ниво 4).
Вкупен број на квалификувани кандидати кои учествувале во процесот на пополнување на слободни работни места од Категорија Б4, за 2019 година, поделен со бројот на слободни работни места за високи раководни службеници според актите за систематизација.
Доставена информација:
Процесот на именување на државен секретар е регулиран со Законот за административни службеници, поконкретно, членовите 104 и 104-а од Законот за административни службеници, кои предвидуваат дека државен секретар се назначува во министерствата, Секретаријатот за европски прашања и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.
Имено, согласно член 104 став (1) и став (2) државните секретари ја извршуваат својата функција се до денот на истекувањето на нивниот мандат, согласно со Законот за Владата на Република Северна Македонија, а со права, должности и овластувања утврдени согласно со овој закон. Државните секретари од ставот (1) на членот 104 предвидува, дека доколку истите ги исполнуваат посебните услови од Законот за административни службеници, имаат право по истекот на нивниот мандат да бидат распоредени на работни места на административни службеници од категоријата Б во министерството во кое ја вршеле функцијата државен секретар.
Согласно член 104-а на државните секретари именувани, односно назначени до денот на влегувањето во сила на овој закон им продолжува мандатот до истекот на мандатот на преодната Влада избрана согласно со членот 43 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 26/01, 13/03, 55/05, 37/06, 115/07,19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19).
Согласно одредбите на Законот за административни службеници, Министерство за информатичко општество и админитрација не е институција која објавува огласи и не располага со податоци за квалификувани кандидати кои учествувале во процесот на пополнување на слободно работно место од категорија Б4, следствено на претходното, Ви укажуваме дека за ваквиот податок, потребно е да се обратите до Агенција за администрација.
Барање за пристап до следната информација:
Колективен договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на РМ (Сл. Весник на РМ бр 53/1995, 11/1998, и 112/2009). Ваше произнесување околу овок КД во смила на тоа дали важи и се применува, односно дали од страна на било кој учесник договорна страна е откажано важењето на овој КД?
Доставена информација:
Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на РМ е склучен на 23.10.1995 година и стапува на сила со денот на неговото склучување. Истиот е склучен на неопределено време. Во 1998 година истиот е дополнет и објавен во Службен весник број 11/1998 година. Во Службен весник број 25/2009 година е објавен Колективен договор за изменување на Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа.
Согласно Законот за работни односи, колективниот договор може да се склучи на определено време, со можност за продолжување, со писмена согласност на страните на договорот.
Согласно член 228, ако со колективниот договор поинаку не е определено, по истекот на рокот на кој е склучен колективниот договор, неговите одредби и понатаму се применуваат до склучувањето на нов колективен договор.
Со оглед на фактот дека во Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на РМ („Службен весник на Република Македонија “број 53/1995, 11/1998 и 25/2009), не е определено времето на примена на истиот, овој Колективен договор се применува, односно никоја од страните учесници нема побарано откажување на важењето на овој Колективен договор.
Барање за пристап до следната информација:
Според член 11 од Законот на буџетите, а во рамки на централниот буџет се планирани средства за непредвидени случаи како постојана и тековна резерва, во текот на 2020 до сега дали сте ја искористиле можноста за користење на овие средства?
Доставена информација:
Покрај законската можност од член 11 од Законот за буџети што се однесува на користење на расходи од класата 41, конкретно 412 (постојаната буџетска резерва) и 413 (тековната буџетска резерва) во досегашната пракса за буџетирање на расходи на Министерството за информатичко општество и администрација од класата 4 се буџетираат само следниве категории расходи: 40 – Основни плати; 42 – Стоки и услуги; 46 – Субвенции и трансфери; и 48 –Капитални расходи. Имено, непредвидените расходите кои резултира како последица на пандемијата со Ковид-19 беа идентификувани како расходи од класата Стоки и услуги, конкретно Материјали и ситен инвентар, а беа користени за набавки на санитетски и друг медицински материјал. Рационализација на расходите овозможи реализацијата на овие расходи да се одвива непречено во рамки на постоечките буџетски средства од достапните потпрограми наменети за расходи на вработените во министерството.
Барање за пристап до следната информација:
Дали како резултат на пандемијата со Ковид-19 како буџетски корисник од прв ред, сте вршеле јавни набавки со постапки кои се надвор од „вообичаените“ постапки за јавни набавки (поради вонредни ситуации, епидемии, итност и сл.)? Ако да ве молиме наведете за што, и во која висина? Каква постапка е користена?
Доставена информација:
За набавка на непредвидените расходи кои резултираа од пандемијата со Ковид 19 беше искористена постапката на преговарање без објавување на оглас од технички причини согласно Член 55 став (1) точка г од Законот за Јавни набавки.
Набавката на материјали од непредвиден карактер како резултат на пандемијата со Ковид 19 содржи пет делови, а министерството за информатичко општество и администрација потпиша три Договори со вкупна вредност од 418.036 ден без ДДВ.
ДЕЛ 1: Заштитни маски за лице, ДЕЛ 2: Гел за хигиена на раце, ДЕЛ 3: Заштитни ракавици,
ДЕЛ 4 Раствор за чистење и дезинфекција и алкохол за хигиена на раце и ДЕЛ 5 : Бришачи за раце.
Договор бр.
|
Налогодавач
|
Опис
|
Вредност на договор без ДДВ
|
---|
14/4-1813/51
|
Македонија лек
|
ДЕЛ 1: Заштитни маски за лице
ДЕЛ 4: Раствор за чистење и дезинфекција и алкохол за хигиена на раце
|
111.000 ден.
|
14/4-1813/50
|
Зегин ДОО
|
ДЕЛ 2: Гел за хигиена на раце
|
170.836 ден.
|
14/4-1813/49
|
Медикус хелп
|
ДЕЛ 3: Заштитни ракавици, ДЕЛ 5: Бришачи за раце
|
136.200 ден.
|
Барање за пристап до следната информација:
Стапката на административните службеници кои го напуштаат работното место и колку од тие испразнети работни места се пополнуваат (Доколку си заминале 10 лица, дали се пополнуваат со 10 нови)
Доставена информација:
Согласно податоците во Информациониот систем за управување со човечки ресурси, во 2019 година 1.358 вработени административни службеници имале прекин на работниот однос. Во продолжение е прикажан преглед на бројот на вработени административни службеници според причина на прекинот на работниот однос.
Причина за прекин
|
Број на адм.службеници
|
---|
во други случаи утврдени со закон и колективен договор
|
109
|
по негово барање
|
184
|
по сила на закон ја загуби работната способност со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на загубената работна способност;
|
9
|
по сила на закон биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата;
|
2
|
по сила на закон во рок од три работни дена не се врати на работа по завршувањето на неплатеното отсуство поради стручното оспособување или усовршување;
|
16
|
по сила на закон наврши 64 години старост (Старосна пензија);
|
679
|
по сила на закон неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец;
|
49
|
по сила на закон поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеца, со денот на започнувањето на издржување на казната;
|
1
|
Поради отказ
|
58
|
поради смрт
|
70
|
Прекин заради предвремено пензионирање
|
27
|
Прекин заради технолошки вишок
|
4
|
со спогодба
|
150
|
ВКУПНО
|
1.358
|
Според податоците во Информациониот систем за управување со човечки ресурси, во 2019 година пополнети се вкупно 3.165 работни места на административни службеници со лица кои немале претходен работен однос во институции на јавниот сектор. Овие 3.165 вработувања се реализирани во 417 институции на јавниот сектор.
Барање за пристап до следната информација:
Просечна вкупна годишна плата за различни категории на вработени?
Информациониот систем за управување со човечки ресурси содржи Модул за пресметка на плата. Овој модул во активно го користат 27 институции во јавниот сектор и тоа:
- Министерство за економија
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Управа за хидрометеоролошки работи
- Државна комисија за спречување на корупцијата
- Влада на Република Македонија - Секретаријат за европски прашања
- Министерство за правда - Управа за извршување на санкциите
- Министерство за економија - Биро за метрологија
- Секретаријат за спроведување на рамковниот договор
- Министерство за информатичко општество и администрација
- Државна комисија за жалби по јавни набавки
- Агенција за остварување на правата на заедниците
- Влада на Република Македонија - Секретаријат за законодавство
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Министерство за култура
- Министерство за здравство
- Министерство за правда
- Министерство за транспорт и врски
- Служба за општи и заеднички работи
- Државен завод за индустриска сопственост
- Министерство за локална самоуправа
- Министерство за животна средина и просторно планирање
- Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
- Македонска академска истражувачка мрежа Скопје
- Геолошки завод на Република Македонија
- Инспекциски совет
- Министерство за локална самоуправа - Државен инспекторат за локална самоуправа
- Министерство за правда-Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права
- Влада на Република Северна Македонија (Генерален секретаријат)
Доставена информација:
Врз основа на податоците за наведените 27 институции, кои пресметуваат плата за вкупно 4.992 вработени, ги приложуваме следните информации како одговор на вашето прашање:
Категорија
|
Просечна годишна бруто плата
|
---|
А
|
975.895
|
Б
|
620.222
|
В
|
424.657
|
Г
|
275.769
|
Барање за пристап до следната информација:
Во периодот од 2017 до 2019 година, дали Министерството за информатичко општество имало отворени повици за доделување на средства за здруженија на граѓани? На колку здруженија има доделено средства за активности и проекти, да се наведат имињата на здруженијата
Доставена информација:
Министерството за Информатичко општество и администрација во периодот од 2017 до 2019 година, нема доделено средства за активности и проекти, односно нема отворени повици за доделување на средства за здруженија на граѓани.
Барање за пристап до следната информација:
- Листа на кабинетски и надворешни советници на министереот Јетон Шаќири
- Датум на ангажирање и временски рок на траење на ангажманот односно договорот
- Висина на хонорар/личен доход
- Опис на работното место и задачи
- Предходно работно искуство наведено во CV
Доставена информација:
Во дневните весници „Слободен печат“ и „Koha“ е објавен оглас за вработување на 1 (еден) Посебен советник за информатичко – комуникациски технологии на определено време, со паричен износ на основната нето плата 50,000 денари. Со решение број 04-3062/3 од 16.09.2020 година е формирана на Комисија за селекција на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација на определено време. Со записник од комисијата број 04-3062/5 од 18.09.2020 година утврдено е дека е поднесена една пријава и истата е уредна и комплетна. По спроведено интервју со пријавениот кандидат, комисијата за селекција формирана со решение број 04-3062/3 предложи да се избере кандидатот Шпетим Љатифи за Посебен советник за информатичко – комуникациски технологии. На ден 18.09.2020 година министерот за информатичко општество и администрација, донесе одлука за вработување на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација на определено време, каде за посебен советник за информатичко – комуникациски технологии се избира лицето Шпетим Љатифи. Со договор за вработување на определено време 04-3062/7 од 18.09.2020 година, работникот стапува на работа на ден 21.09.2020 година. Работникот работниот однос го заснова на определено време, односно трае најмногу до истекот на мандатот на министерот. Во прилог ви ја доставуваме и неговата биографија, која истиот ја приложи при пријавувањето на огласот.
Исто така, ве информираме дека на ден 18.09.2020 во дневните весници „Слободен печат“ и „Koha“ е објавен оглас за вработување на 1 (еден) Посебен советник за медиуми и радиодифузната дејност на определено време, со паричен износ на основната нето плата 50,000 денари. Со решение број 04-3169/4 од 25.09.2020 година е формирана на Комисија за селекција на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација на определено време. Со записник од комисијата број 04-3169/5 од 29.09.2020 година утврдено е дека е поднесена една пријава и истата е уредна и комплетна. По спроведено интервју со пријавениот кандидат, комисијата за селекција формирана со решение број 04-3169/5 предложи да се избере кандидатот Флака Положани за Посебен советник за медиуми и радиодифузната дејност. На ден 30.09.2020 година министерот за информатичко општество и администрација, донесе одлука за вработување на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација на определено време, каде за Посебен советник за медиуми и радиодифузната дејност се избира лицето Флака Положани. Со договор за вработување на определено време 04-3169/7 од 30.09.2020 година, работникот стапува на работа на ден 01.10.2020 година. Работникот работниот однос го заснова на определено време, односно трае најмногу до истекот на мандатот на министерот. Во прилог ви ја доставуваме и нејзината биографија, која истата ја приложи при пријавувањето на огласот.
Во однос на кабинетските службеници, ве информираме дека со решение број 04-2962/1 од 09.09.2020 година, административниот службеник Лаура Идризи вработена во Министерството за информатичко општество и администрација на работно место Советник за креирање политики за управување со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор, во Одделение за координација на управувањето со човечки ресурси, во Сектор за развој и управување со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор со звање советник, во подгрупата на државни службеници и шифра на работно место УПР0101В01000, се распоредува на работно место Кабинетски службеник - советник за администрација. Истата е вработена во министерството од 2012 година. Согласно член 90 став (1) алинеја 2 и став (4) од Законот за административни службеници, на административниот службеник му се утврдува додаток на плата за посебни услови за работа, односно работа во кабинет и заради специфичните должности и работни задачи и 24-часовната достапност на министерот во чиј кабинет работи му се утврдува додаток на платата во висина од 30% од износот на основната плата, која за нивото на работно место В1- стручен административен службеник од прво ниво (советник) е во нето износ од 26.257 денари.
Со решение број 04-3116/1/1 од 15.09.2020 година, административниот службеник Сашо Митев вработен во Министерството за информатичко општество и администрација на работно место Помошник раководител на сектор за развој и управување со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор, во Сектор за развој и управување со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор, со звање помошник раководител на сектор и шифра на работно место УПР0101Б03000, во подгрупата државни службеници, се распоредува на работно место Кабинетски службеник - советник за управување со човечки ресурси. Истиот е вработен во министерството од 2011 година. Согласно член 90 став (1) алинеја 2 и став (4) од Законот за административни службеници, на административниот службеник му се утврдува додаток на плата за посебни услови за работа, односно работа во кабинет и заради специфичните должности и работни задачи и 24-часовната достапност на министерот во чиј кабинет работи му се утврдува додаток на платата во висина од 30% од износот на основната плата, која за нивото на работно место Б3- раководен административен службеник од трето ниво (Помошник раководител на сектор) е во нето износ од 32.866 денари.
Барање за пристап до следната информација:
- Податоци за вкупниот број на вработени лица во Министерство за информатичко општество и администрација, сегрегирани по пол за 2019 година?
- Податоци за бројот на вработени кои се на раководни работни места во Министерство за информатичко општество и администрација, сегрегирани по пол за 2019 година?
- Податоци за бројот на вработени кои се на нераководни работни места во Министерство за информатичко општество и администрација, сегрегирани по пол за 2019 година?
- Податоци за бројот на вработени Роми во Министерство за информатичко општество и администрација, сегрегирани по пол за 2019 година?
- Податоци за бројот на вработени Роми кои се на раководни работни места во Министерство за информатичко општество и администрација, сегрегирани по пол за 2019 година?
Доставена информација:
Во Министерството за информатичко општество и администрација заклучно со 31.12.2019 година, вкупно вработени на определно и неопределено време биле 209 лица од кои:
Мажи -135
Жени – 74
Во Министерството за информатичко општество и администрација заклучно со 31.12.2019 од вкупно 16 раководни лица 11 се жени, 5 се мажи.
Во Министерството за информатичко општество и администрација заклучно со 31.12.2019 од вкупно 194 лица вработени на нераководни позиции, мажи: 131, жени: 63.
Во Министерството за информатичко општество и администрација заклучно со 31.12.2019 од вкупно 5 вработени роми, 3 лица се од женски пол и 2 лица се од машки пол.
Во Министерството за информатичко општество и администрација заклучно со 31.12.2019 од вкупно 5 вработени роми, нема лица кои се вработени на раководна позиција.
Барање за пристап до следната информација:
- Гарантирана минимална помош
- Надоместок заради попреченост
- Надоместок за помош и нега од друго лице
- Додаток за домување
- Eднократна парична помош
Доставена информација:
На Националниот портал за електронски услуги (е-услуги) по електронски пат може да се поднесе барање и да се добие:
- Потврда за право на гарантирана минимална помош
- Потврда за право на надоместок заради попреченост
- Потврда за право на надоместок за помош и нега од друго лице
што се е-услуги кои не се однесуваат на остварување на право, односно можност корисник да се стекне со право, туку за издавање на потврда дали еден корисник се стекнал или не со некое право.
Напоменуваме дека за сите е-услуги, Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk (Порталот) е посредник помеѓу корисниците и институциите, додека за содржината на самиот одговор е надлежна институцијата која ја дава услугата, и во истата Порталот нема увид.
Во врска со вашето барање за податоци за услугите:
- Гарантирана минимална помош
- Надоместок заради попреченост
- Надоместок за помош и нега од друго лице
Ве информираме дека за истите треба да се обратите на Министерството за труд и социјална политика, како одговорно и надлежно министерство, додека за услугите:
- Додаток за домување
- Eднократна парична помош
Надлежна институција се Центрите за социјална работа.
Барање за пристап до следната информација:
- Колку онлајн апликации имате процесирано од Пелагонискиот регион (Битола) за горенаведените права во првиот квартал на 2020 година по објавувањето на порталот? Колку од нив се одобрени?(Ве молиме за секое право поединечна бројка).
- Што се случува доколку граганите поднесат неправилни или во недоволен број на документи?
- Дали услугите се достапни за лицата со попреченост?
- Дали услугите се особено проблематични во текот на кризата во однос на редовното работење? Со кои проблеми се соочувате?
- Дали граганите имаат практични проблеми при добивањето на услугите и какви од која природа?
- Кои други услуги и права ги давате од областа на социјална заштита ?
- Дали правата се достапни преку друг портал?
- Дали сметате дека граганите се задоволни од услугите,на што се жалат и дали се подготвени електронски да аплицираат?
- Дали сметате дека треба подобрување на услугите и кои се идеите ?
- Дали се потребни големи вложувања за се зголеми бројот на електронските услуги ?
Доставена информација:
Во табелата подолу се одговори на Вашите прашања:
|
Прашање
|
Одговор
|
---|
1
|
Колку онлајн апликации имате процесирано од Пелагонискиот регион (Битола) за горенаведените права во првиот квартал на 2020 година по објавувањето на порталот? Колку од нив се одобрени? (Ве молиме за секое право поединечна бројка).
|
За услугите за кои ни се обраќате не постојат е-услуги, па онлајн аплицирање за остварување на петте набројани права не е можно на Порталот (uslugi.gov.mk).
Податок за број/ процент на одобрени и одбиени барања за една е-услуга поседува исклучиво надлежната институција за услугата. Порталот го доставува резултатот од барањето на корисникот, но нема податок за неговата содржина.
|
2
|
Што се случува доколку граѓаните поднесат неправилни или во недоволен број на документи?
|
Поединечни детали за процесот на одлучување по едно барање е исклучиво надлежост на институцијата која ја дава услугата. Но, за сите важат одредбите од Законот за општа управна постапка.
|
3
|
Дали услугите се достапни за лицата со попреченост?
|
Сите е-услуги на Порталот се достапни и за лицата со попреченост.
За детали за конкретните услуги, Ве известуваме дека треба да се обратите во надлежната институција која ги дава услугите за кои барате податоци.
|
4
|
Дали услугите се особено проблематични во текот на кризата во однос на редовното работење? Со кои проблеми се соочувате?
|
За детали за конкретните услуги, Ве известуваме дека треба да се обратите во надлежната институција која ги дава услугите за кои барате податоци.
|
5
|
Дали граѓаните имаат практични проблеми при добивањето на услугите и какви од која природа?
|
За детали за конкретните услуги, Ве известуваме дека треба да се обратите во надлежната институција која ги дава услугите за кои барате податоци.
|
6
|
Кои други услуги и права ги давате од областа на социјална заштита?
|
Е -услугите од областа на социјалната заштита на Порталот се достапни преку Пронајди услуга/ Нега и социјална помош.
За детали за конкретните услуги, Ве известуваме дека треба да се обратите во надлежната институција која ги дава услугите за кои барате податоци.
|
7
|
Дали правата се достапни преку друг портал?
|
Остварување на правата за кои поднесовте барање за податоци, Ве известуваме дека истите не постојат како е-услуга на Порталот.
За достапноста на друг портал, Ве известуваме дека треба да се обратите во надлежната институција која ги дава услугите за кои барате податоци.
|
8
|
Дали сметате дека граѓаните се задоволни од услугите,на што се жалат и дали се подготвени електронски да аплицираат?
|
За детали за конкретните услуги, Ве известуваме дека треба да се обратите во надлежната институција која ги дава услугите за кои барате податоци.
|
9
|
Дали сметате дека треба подобрување на услугите и кои се идеите?
|
За детали за конкретните услуги, Ве известуваме дека треба да се обратите во надлежната институција која ги дава услугите за кои барате податоци.
|
10
|
Дали се потребни големи вложувања за се зголеми бројот на електронските услуги?
|
Да
|
Барање за пристап до следната информација:
Статистика на одобрени и одбиени акти за систематизација на органи на државна управа и општини од 2015 до 2020 година?
Доставена информација:
Во 2014 година, беа донесени Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор и со примена на истите се отпочна во 2015 година. Согласно овие закони сите институции од јавниот сектор имаат обврска да изготват и донесат нови акти за систематизација и внатрешна организација, целосно усогласени со одредбите на споменатите два закони. Министерството за информатичко општество и администрација има законска надлежност да дава согласност на актите на институциите од јавниот сектор, вклучително и за органите на државната и локалната власт, под услов тие да се усогласени со законските одредби.
По отпочнување на примената на новите законски решенија во 2015 година, сите органи на државната управа и сите општини имаат доставено акти на усогласување до министерството и имаат добиено првична согласност на актите за систематизација и внатрешна организација од страна на министерството.
Законот за вработените во јавниот сектор утврдува дека актите може да се изменуваат и дополнуваат на начин и постапка како и при нивното донесување и согласно оваа законска одредба, Министерството за информатичко општество и администрација врз основа на поднесено барање од страна на институциите, за измена и дополнување на актите за систематизација и внатрешна организација, дава согласност на актите за изменување и дополнување, откако претходно е утврдено дека истите се целосно усогласени со прописите кои ја регулираат областа.
Постапката за усогласувањето на актите за систематизација и внатрешна организација се врши преку доставување на истите електронски или хартиено, во зависност од начинот кој го определила институцијата која го поднесува барањето.
Откако електронски или хартиено ќе бидат доставени актите, од страна на Министерството за информатичко општество и администрација електронски, или хартиено се даваат насоки за постапување и целосно усогласување на актите со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор, Правилник за содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор и Каталогот на работни места во јавниот сектор.
Од горенаведеното произлегува дека Министерството за информатичко општество и администрација дава поддршка на институциите во насока на усогласување на нивните акти со законските одредби и не постои законски основ за носење на акти за одбивање, односно институцијата по целосно усогласување на актите со прописите кои ја регулираат областа добива согласност по истите. Доколку доставените документи не се усогласени со прописите кои ја регулираат областа, односно Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници, Правилникот за содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор и Каталогот на работни места во јавниот сектор, Министерството за информатчко општество и администрација до институцијата доставува соодветни укажувања, електронски или хартиено.
Барање за пристап до следната информација:
- Дали Агенцијата за млади и спорт заклучно со 31.01.2020 година ја има доставено ранг листата со оценки за административните слуќбеници за 2019 та година? Доколку ја има, доставете ја во копија.
- Дали Агенцијата за млади и спорт има доставено план за вработување за 2020 година кој се однесува на месец ноември предходната година? Доколку има доставете го во копија.
- Која е казната согласно Закон доколку не се доставени Ранг листа со оцени и план за вработување?
Доставена информација:
Агенцијата за млади и спорт нема доставено Годишен извештај со ранг листа на годишни оценки на административните службеници за 2019 година, исто така Агенција за млади и спорт нема доставено Годишен план за вработување за 2020.
Согласно член 65 став (17) од Законот за администартивни службеници Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар е должен да подготви и најдоцна до 31 јануари до Министерството да достави извештај со ранг-листа на годишни оцени за сите оценети административни службеници во институцијата за тековната година.
Во член 101 став (3) алинеја 7 од Законот за административни службеници наведено е дека Глоба во износ од 3.500 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на секретарот, односно на раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар ако не достави до Министерството извештај со ранг-листа на годишни оцени за сите административни службеници во институцијата, спротивно на членот 65 став (17) од овој закон.
Соглано член 46 став (1) алинеја 3 од Законот за вработени во јавен сектор глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност ќе му се изрече за прекршок на функционерот кој раководи со институцијата, ако:
не го донесе годишниот план за вработување или ако спроведе постапка за вработување без годишен план, согласно член 20 а став (1) од овој закон.
Барање за пристап до следната информација:
Во периодот од 2017 до 2019 година, дали Министерството за информатичко општество имало отворени повици за доделување на средства за здруженија на граѓани? На колку здруженија има доделено средства за активности и проекти, да се наведат имињата на здруженијата?
Доставена информација:
Министерството за Информатичко општество и администрација во периодот од 2017 до 2019 година, нема доделено средства за активности и проекти, односно нема отворени повици за доделување на средства за здруженија на граѓани.
Барање за пристап до следната информација:
Податоци за вкупниот број на вработени и вкупен број Роми според назив во сите институции во јавниот сектор, јавни установи, државни органи, агенции, бироа, комисии, дирекции, судови, јавни обвинителства, јавни претпријатија, општини, како и други тела формирани од страна на државните органи за 2019 –та година?
Доставена информација:
Министерството за информатичко општество и администрација во прилог ги доставува бараните податоци за вкупниот број на вработени и вкупен број Роми според назив во СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР , јавни установи, државни органи, агенции, бироа, комисии, дирекции, судови, јавни обвинителства, јавни претпријатија, општини (ЕЛС) како и други тела формирани од стана на државните органи за 2019та година, изразени по образование на вработените и пол, врз основа на податоците за пополнети работни места во институции од јавниот сектор објавени во Годишниот извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2019 година, а кои се резултат на вкрстена анализа и размена на податоци од евиденцијата на Министерството за информатичко општество и администрација со податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Барање за пристап до следната информација:
Согласно која методологија се врши идентификација на релевантни партнери од граѓанските организации за вклучување во потсекторска работна група за реформа на јавна администрација?
Доставена информација:
Првичната идентификација на релевантни партнери од граѓанските организации за вклучување во потсекторската работна група за РЈА започна во 2015 година со јавен повик објавен од страна на Секретаријатот за европски прашања, во кој сите граѓански организации имаа можност да се произнесат во кои области дејствуваат или имаат интерес. Согласно тоа од страна на СЕП беше доставена листа од организации кои пројавиле интерес за потсекторот Реформа на јавна администрација.
Министерството за информатичко општество и администрација обезбедува инклузивност во целиот процес на реформата на јавната администрација, односно од самата иницијатива за изготвување на стратегијата за реформа на јавна администрација преку јавен повик за работен состанок со невладиниот сектор на 13 април 2016 година, која продолжи со консултативна работна средба за демократски реформи во јавната администрација меѓу претставници од МИОА, граѓански организации и експерти, претставници од меѓународната заедница, синдикати и медиуми одржана во јуни 2017 година. По средбата исто постоеше повик за доставување на коментари во однос на нацрт стратегијата за реформа на јавна администрација, која во суштина претставува стратешка рамка за целиот сектор и е еден од петте клучни критериуми за воспоставување на секторски пристап (http://mioa.gov.mk/?q=mk/node/1339)
Соработката продолжува и со јавни повици за одржување на консултативни средби во однос на извештаите за спроведување на акцискиот план за реформа на јавна администрација. Земајќи предвид дека бројот на граѓански организации кои имаат интерес за реформата на јавната администрација не е голем, потсекторската работна група нема потреба од методологија за селекција на граѓански организации.
Барање за пристап до следната информација:
Дали барањето за вклучување претставници во секторската работна група за реформа на јавна администрација беше објавено некаде? Доколку да, доставете ни информација каде беше објавено барањето?
Доставена информација:
Првичната идентификација на релевантни партнери од граѓанските организации за вклучување во потсекторската работна група за РЈА започна во 2015 година со јавен повик објавен од страна на Секретаријатот за европски прашања, во кој сите граѓански организации имаа можност да се произнесат во кои области дејствуваат или имаат интерес, по што од страна на СЕП беше доставена листа на граѓански организации кои изразиле интерес за учество во работната група за Реформа на јавната администрација. Воедно, за сите одржани консултативни средби и работни состаноци беа објавени засебни повици почнувајќи од самата изготовка (http://mioa.gov.mk/?q=mk/node/1339).
Барање за пристап до следната информација:
Доставете ни информација за моменталниот број на пополнети работни места во ИПА секторот/одделението, поделени по звања согласно позитивната законска рамка?
Доставена информација:
Во Одделение за ИПА фондови систематизирани се вкупно 9 работни места со 10 извршители од кој моментално 4 се пополнети.
Барање за пристап до следната информација:
Доставете ни ја последната донесена систематизација на работни места на Министерството
Доставена информација:
Правилникот за работни места на Министерството за информатичко општество и администрација е јавно достапен и објавен на веб страницата на министерството, и истиот може да се преземе на следниот линк: http://mioa.gov.mk/?q=mk/node/1269.