Активности за реализација на ИПА 2017 проектот ,,Поддршка кон државната реорганизација"

Скопје, 26 јануари 2021

На 6 ноември 2019 година, МИОА започна со имплементација на двегодишниот ИПА 2017 проект „Поддршка кон државната реорганизација“. Овој проект е од огромно значење за унапредување на процесот на реформа на јавната администрација, каде со негово успешно спроведување Република Северна Македонија ќе се приближи кон патот на Европската унија.

Целта на овој ИПА проект е да се оптимизира целокупната институционална рамка, да се зајакне испораката на јавните услуги и зајакнување на етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, меѓу другото преку спроведување на функционална анализа и донесување на нов Закон за организација на органите на државната управа. Во февруари 2020 година се изработи Методологијата за спроведување на хоризонтална функционална анализа, каде истата се заврши во декември 2020 година, во чиј хоризонт беа опфатени 142 институции.

Во поглед на согледување на добри практики на функционирање на органите на државната управа во држави веќе членки на Европската унија, но кои во минатото се соочувале со актуелните негативности во функционирањето и кои успешно го поминале процесот на реформа, беа посетени Латвија и Естонија. За таа цел беше изготвен и извештај за статусот на регулаторните тела во земјите-членки на ЕУ.

Експерти од земјите на Европската унија, изготвија и доставија извештаи и за најдобри практики на организација на јавната администрација во земји членки на Европската унија и тоа: Латвија, Финска и Чешка Република.

МИОА во целокупниот период активно учествуваше во имплементацијата на Проектот, каде бараше и постојана поддршка и вклученост и на останатите актери во процесот (министерствата, агенциите и инспекциските служби). За важноста на овој Проект говори и фактот што досега на двата последни Совети за РЈА како и Секретаријатот за РЈА се потенцираше важноста од активна вклученост и кооперација на сите институции во овој процес, како и чекорите кои следат. Правната основа за спроведување на оваа реформа во јавната администрација се поставува со новиот Закон за организација на органите на државната управа, за чија цел беше побарана номинација од сите политички партии во државата, кои ќе работат на негово усовршување, бидејќи се работи за органски закон, чие носење е од значителна важност за понатамошните процеси.

Сега, овој ИПА 2017 проект, се наоѓа во најсензитивната фаза на реализација. Проектните експерти ги изработија нацрт Извештаите за реорганизација на сите 16 министерствата со кои детално и екплицитно ќе се постави рамката како и деталната структура на истите. Се оди во насока на оптимизација, процес на укинување и спојување на целокупната институционална рамка на хоризонтално ниво. Во периодот кој следува ќе се работи интензивно на унапредување на овие Извештаи, преку средби со релевантните претставници на министерствата.

Изработката на Законот и негово влегување во собраниска процедура по претходна детална изработка и учество на преставниците на сите партиски структури, ќе означи нова ера во организацијата на органите на државната управа.

Од исклучителна важност за успешноста на проектот е непречено да продолжи соработката и отвореноста на министерствата, агенциите и инспекциските служби.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form