Во Куманово промовиран ДМС системот (Систем за управување со документи)

Куманово, 29 јануари 2021

Денес министерот Шаќири во работна посета на Куманово, со градоначалникот на оваа општина, г-дин Максим Димитриевски. Средбата беше плодна и разговорот конструктивен.

Главната цел на оваа посета е промовирањето на ДМС системот, каде што општина Куманово е пилот општина меѓу 20 други централни институции.

"Ја прегледав од блиску работата на овој систем и можам да кажам дека сум задоволен со постигнатиот прогрес" рече министерот Шаќири.

"Сакам да потенцирам дека Системот за Управување со Документи е систем кој има за цел да се подобрува работата во државните институции, преку кој е можно да се обработат документи и да се извршуваат процеси во државните институции кои треба да се реализираат целосно во електронска форма" потенцираше министерот Шаќири.

"Мојата цел е да ги вклучам во овој систем сите институции на нашата земјата на локално и централно ниво во најкраток можен рок и се прават напори и од наша страна и од сите институции кои сè уште не се дел од овој систем за да го направат тоа што е можно поскоро" го затвори говорот министерот.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form